Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Предлогот на СДСМ потпретседателската тројка го презентираше на претставниците на движењето за реформи на ДПА. Речиси два часа Меџити, Арифи и Бејта и Таравари, Ферати, Точи и Беџети според информациите, ги чешлале сите детали околу пакетот што од Бихаќка стигна во Мала Речица. По средбата беа многу воздржани, на прашања одбија да одговарат, а пакетот од СДСМ не го споменаа, тврдат детално ја поминале само албанската платформа, а средбата била конструктивна.
Денешната средба е средба на работните групи на нашите партии, во духот на платформата за соработка на политичките партии на Албанците. Средбата беше консултативна и разговаравме за најважните точки кои ја приближуваат Македонија кон НАТО И Европската Унија, изјави вчера Теута Арифи од ДУИ.
Доста конструктивна средба помеѓу двете партии во којашто ги разгледавме сите точки на платформата, за нас како партија е важно да се реализираат сите точки без разлика кој ќе биде во комбинација за идната влада, значи да се имплементираат сите точки, изјави Арбен Таравари од ДПА.
Од двете партии одбија да одговорат и зошто иако беше најавен пропадна состанокот меѓу лидерите Ахмети и Села, а зошто на маса не се најдоа и претставници на Беса доколку единствена точка била албанската платформа зад која застана и Билал Касами.
Тој пак уште претпладнето им порача дека не седнува на иста маса со Али Ахмети. И додека партиите се консултираат од ДУИ нема најава дали презентацијата на пакетот на Заев значи дека предлогот за брзо време ќе се најде и пред ЦП на ДУИ. Од Мала Речица, пак, се фокусираа токму законот за албанскиот јазик. Според дел од функционероте тоа прашање е се уште спорно. Дел од функционерите на ДУИ блиски до крилото кое се поврзува со ВМРО ДПМНЕ, брифираа дека законот кој што го добиле не предвидува целосна двојазичност што е барање и од програмата на ДУИ и од платформата на албанските платформи, а дел од членовите на ДУИ на состанокот ќе бараат и отчет зошто е тоа така.
Од друга страна пак, дел од функционерите кои бе најгласни против коалицијата со ВМРО ДПМНЕ велат дека законот за албанскиот јазик е согласно уставот и Охрдидскиот договор и таков треба да биде прифатлив за сите. Освен за законот за албанскиот јазик, тимовите според информациите ги затвориле прашањата околу СЈО , ЕУ и НАТО, се разговара и за двете изборни програми на двете партии, треба се усогласат од СДСМ денеска и официјално потврдуваат дека ги пратиле материјалите до ДУИ, додека од партијата на Ахмети дека ДУИ почнале со разгледување.