Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за националниот уметник на Република Македонија, е објавен за разгледување во единствениот електронски национален регистар, по што треба да влезе во процедура.
Се предлага Законот за националниот уметник да престане да важи. Имено, според Министерството за култура, Законот создавал нерамноправен третман помеѓу националните уметници и другите вработени во културата, кои имаат примања во многу помал износ од просечната плата во Република Македонија.
Признанието досега го добија: Пијанистот Симон Трпчески, режисерот Милчо Манчевски, пејачката на ромска и македонска народна музика Есма Реџепова Теодосиевска, оперскиот пејач Борис Трајанов, оперската пејачка Ана Дурловски и поетот Никола Маџиров.
Титулата почна да се доделува од 2011 година согласно посебно донесениот закон. Секој носител на титулата доживотно секој месец добива 60.000 денари и има право да му се издаде монографија за неговото творештво од буџетот на државата.