Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На предлог од министерот за здравство, Јенс Шпан, германската влада ќе ја разгледува опцијата за воведување казни за родителите на децата на школска возраст кои не се вакцинирани против сипаници, пренесува Асошиејтед прес.
Шпан за весникот Билд ам зонтаг кажа дека родителите кои не можат да докажат дека децата им се вакцинирани против високо заразната и потенцијално смртоносна болест би требало да платат казна до 2.500 евра.
Тој смета и дека на децата кои не се вакцинирани против сипаници би требало да им биде забрането да одат во градинките, за да се заштитат оние кои се премногу мали или не се во можност да ја примат вакцината.
Во Германија од почетокот на годината се забележани 203 случаи на сипаници, што е двојно повеќе од истиот период минатата година, но помалку од 2017 година.