Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новото видео на „јутјуберот“ MrBeast за само два дена има над 18 милиони прегледи, а станува збор за предизвик „тежок“ 1 милион долари.
Четворица натпреварувачи, сите претходни победници на предизвикот на популарниот YouTuber, го обезбедија своето место во големото финале. „Не ми е грижа дали е потребно еден ден, недела, еден месец или година“, објави г-дин MrBeast на почетокот на предизвикот. „Последниот што ќе ја тргне раката од милион долари, може да ги земе“.
По 36 часа, Марк, Хорхе, Омар и Акира се натпреваруваа за огромна сума, што некои признаа дека никогаш не ја виделе во животот. „Како станавте милионер? Ја ставив мојата рака некое време врз милион долари “, се пошегуваа некои со честитки до Марк, кој издржа најдолго и стана победник.
MrBeast,со вистинското име Џими Доналдсон, има само 21 година и го гледаат повеќе од 27,4 милиони луѓе на YouTube. Тој е еден од најгледаните YouTuberi за 2019 година, а привлекува големо внимание и со својата филантропска работа.
Минатата година, тој стана вирален хит со видеото на кое побара само чаша вода и келнерката ја почести со бакшиш од 10.000 долари.