„Предавник, шпион“: Погледнете како беше пред домот на пратеникот Василевски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јанко Бачев и Филип Петровски ја предводеа групата на демонстранти кои дојдоа пред домот на пратеникот Сашо Василевски, обвинет за настаните од 27 април, кој на 19 октомври беше ослободен од притвор со цел да гласа за уставните измени со кои ќе се промени името на Македонија.

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, на синоќешниот протест во Охрид им порача на пратениците Сашо Василевски и Љубен Арнаудов да не гласаат за уставните измени. Охрид, како што рече тој, не е предавнички град.

-Василевски се уплашил и прво свртел кај Спасовски, а што ќе рпавеше ако тргневме насилно нешто да му правиме, ги уплашивме со вербална комуникација. Аранудов нека не го лаже полицијата дека сме направиле инцидент пред домот на Василевски, на Василевски му беше кажана вистината. Охрид не е предавнички град. Не им било лесно на Христо Узунов, Питу Гули, Гоце Делчев, но одбрале да бидат револуционери. Ако седеле дома ќе ја немаше Македонија. Љубе имаш одговорност да не учествуваш во ова предавство – рече Бачев.

Учесниците на протестот кој го предводеа Филип Петровски од фракцијата на ВМРО ДПМНЕ и Јанко Бачев од Единствена Македонија, најпрвин го посетија домот на пратеникот Василевски кој беше под силно полициско обезбедување. Полицијата им дозволи на водачите на движењето да му го достават протестното писмо на пратеникот Василевски. Тие имаа речиси петнаесетминутна средба пред домот на пратеникот, која на моменти беше жестока, а паднаа и тешки зборови, навреди, но и најави за кривични пријави.

Фото: Ohridnews