Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Денешните генерации веројатно не го паметат жестокиот дуел на атрибутите од две секс бомби кои ги означија ’80те и ’90-те години од минатиот век. За разлика од денешната естетика на сексапилот која ја „фураат“ Ким Кардашијан и другите славни бујни убавици, веројатно тие не им се ни до колена на Сабрина и Саманта Фокс.
Таа првоспоменатата, Сабрина Салерно, своевремено направи вистински бум со спотот за нејзината популарна песна „Boys“, која оваа италијанска секс бомба ја лансираше во ѕвездените сфери на славата.
Сабрина по оваа песна имала уште неколку хитови, но “Boys” единствен го преживеал тестот на времето, а и денес се слуша на некои забави.
По успехот со „Boys”, Сабрина долго имала проблеми со депресија, а животот мирот и спокојот ги нашла во семејниот живот на село. Токму со „конкурентката“ Саманта Фокс во 2010 година ја снимија песната “Call Me”.