Пред скопска Токсикологија лекар тешко ранет од убоди со нож


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Лекар од Клиниката за токсикологија вчера попладне беше нападнат и прободен со нож пред влезот на клиника.

Според неофицијални информации, напаѓачот го пречекал пред самиот влез на клиниката и му нанел две убодни рани со нож.

Според првичните информации од Министерството за здравство лекарот е во стабилна состојба и на него му се санирани раните во Ургентниот хируршки центар.

Од Министерството за здравство велат дека се во контакт со МВР, се испитува случајот, а полицијата работи на пронаѓање на напаѓачот. Неофицијално, станува збор за лична пресметка поради нерасчистени односи.