Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Oва е веројатно најлошиот кошмар на продавачот на автомобили. Додека ја покажувал Корветата на заинтересиран клиент по тест возењето, клиентот одлучил да остане седнат во автомобилот, ја заклучил вратата и исчезнал од салонот. На сето ова сведок бил колега кој ја снимил оваа, благо речено, невообичаена ситуација.
Добрата вест е дека автомобилот брзо бил вратен во изложбениот салон на Шевролет во Вирџинија. Имено, непослушниот „купувач“ возел низ неколку населби и потоа се откажал, оставајќи го автомобилот покрај патот. Други извори велат дека бил запрен од полицијата по неколку блокади.
Corvette C8 е еден од најбараните нови автомобили на американскиот пазар. И покрај високата цена, списоците на чекање стануваат се` подолги, и се бара секоја можност да се дојде во сопственост на автомобилот. Барем некое време, бидејќи 6.2 V8 со 500 КС е едноставно неодолив, особено во пакувањето кога стигнува до стотка за околу 3 секунди.