Пред објективите без гаќички, а во приватноста на мака со алкохолот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Криси Тејган е една од оние познати фаци кои знаат искрено да си зборуваат за проблемите. Ако порано зборуваше за нејзината постнатална депресија, овој пат се отвори за проблемите со алкохолот.

„Многу пиев. Кога одев на шминка и фризура, секогаш барав чаша вино. Потоа уште една, па уште една пред излегување во јавност. На крај, мојата љубов кон алкохолот завршуваше со лошо чувство за тоа што се уништувам самата и другите околу мене. Се чувствував ужасно. Не е добро за мене, за Џон, за никого“, изјави Криси за магазинот Cosmopolitan.

Токму поради тоа, тие беа неодамна на патување во Бали, кое што Криси си го сфатила како еден вид на рехабилитација. Иако никој не и зборувал за нејзиниот проблем со алкохолот, сепак таа го чувствувала.

„Никој ништо не ми кажуваше. Сите претпоставуваа дека сум добро, бидејќи следното утро не ми беше лошо, но јас знаев дека не е добро тоа што го правам. Многу е ниско, не сакам повеќе да сум таа личност“.