Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Бомбата е пронајдена на терасата од кафулето „Кафе ин“ ,гостите веднаш биле евакуирани а тој дел од чаршијата затворен од страна на полицијата, објавува Канал 5.
Во ова кафуле недела пред почетокот на Пивофест беше поставена бомба кашикара. Ова е второ подметнување на бомба и тоа за време на Пивофест кога и френквенцијата на граѓани е најголема.
Во меѓувреме од МВР излегоа со официјално соопштение во кое се вели дека околу 23:10 ч во Прилеп во угостителски објект е пронајдена школска бомба која нема експлозивно полнење. Веднаш се преземени соодветни мерки и таа е подигната од лице место. Нема повредени лица ниту материјална штета. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.