Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Зинедин Зидан синоќа го освои седмиот трофеј со Реал Мадрид и тоа за само година и половина, колку што е на клупата на „кралевите“.
Зидан претходно немаше искуство со професионален тим, ги водеше младинците на Реал Мадрид, а претходно беше помошник на Карло Анчелоти.
На 4-ти јануари 2016 година седна на клупата на „кралевите“ и испиша историја. За само 19 месеци Французинот успеа да се искачи на третото место меѓу најуспешните тренери во историјата на клубот од „Сантиаго Бернабеу“.
Интересно е дека Зидан со Реал Мадрид досега доживеа само седум порази, а освои исто толку титули. Два во Лигата на шампионите, два трофеи во Суперкупот на Европа, една титула во Ла Лига, трофеј од Светското клупско првенство и Суперкупот на Шпанија.
Зидан синоќа се израмни со Висенте дел Боске на третото место на вечната листа. Повеќе трофеи на чело на Реал Мадрид освоиле само Луис Моловни (8) и легендарниот Мигел Муњос (14).