Пред да стигне премиерот изби пожар на трансформаторот во фотонапонската електрана Осломеј


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Пред денешната посета на премиерот Димитар Ковачевски, утрово во фотонапонската електрана Осломеј изби пожар во трансформаторска станица.

Пожарот е изгаснат, а од компанијата соопштија дека се работи за пробна работа и оти се можни вакви дефекти.

Ковачевски, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски се дојдени за одбележување на завршувањето на градба на фотонапонската електрана „Осломеј 1-10МВ“ со тест период на целосно монтирана опрема.