Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Експерт кој работел на подморницата Титан бил отпуштен од работа бидејќи тврдел дека пловилото не може да го издржи притисокот на длабочина од 4000 метри.
Откако стана јасно дека малата подморница со пет лица експлодирала во водите на Атлантскиот океан утринава во светските медиуми беше објавена информација која укажува на можна техничка негрижа од страна на американската компанија OceanGate Expeditions, која управуваше со подморницата Титан.
„ABC News објави дека поранешен вработен во „OceanGate“ бил отпуштен поради загриженост за контрола на квалитетот и тестирање за потенцијални недостатоци во експерименталната подморница.
Дејвид Лохриџ, инженер и капетан на подморница, во 2018 година во противтужбата против „OceanGate“ тврдеше дека фирмата го отпуштила затоа што изразил загриженост за дизајнот и тестирањето на трупот. АФП пишува дека тој тврдел дека големиот отвор на предниот дел на подморницата бил дизајниран да издржи притисок на длабочина од 1.300 метри, а не на 4.000 метри, колку што е длабочината до која се упати оваа мала научно-туристичка подморница во неделата со пет патници кои ги загубија животите во нејзината „катастрофална имплозија“.
Експедицијата на Титан ја организираше компанијата „OceanGate Expeditions“, тргнувајќи на третото патување до Титаник, кој удри во санта мраз и потона во 1912 година.
OceanGate Expedition Titanom понуди посета на легендарниот потонат брод за 250.000 долари по лице, според неговата официјална веб-страница.
„Полето со остатоци“ што го пронајдоа роботи во близина на легендарниот Титаник, на длабочина од речиси 4.000 метри, сведочи за катастрофалната експлозија на подморницата, изјави контраадмиралот на американската крајбрежна стража Џон Маугер на прес-конференција во Бостон.
Титан, долг околу 6,5 метри, нурна во неделата и требаше повторно да излезе на површина по седум часа, но контактот беше изгубен помалку од два часа по нуркањето. Имаше залихи со кислород околу 96 часа.
Инаку во подморницата Титан на последното нејзино патување биле четворица патици и капетанот, американската крајбрежна стража вчера објави дека сите загинале.