Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Корина Шумахер, сопругата на според многу параметри најдобриот возач во поновата ера на Формула 1, а во секој случај еден од тројцата најдобри на сите времиња, Михаел Шумахер, во очи неговиот педесетти роденден конечно, после несреќата која му се случи на Шуми, се обрати до јавноста.
Шумахер на 3. јануари ќе го прослави својот педесетти роденден, па ден пред тоа Корина се обрати на неговите обожаватели и целокупната спортска и светска јавност.
„Драго ние и од срце ви се заблагодаруваме што ќе го прославите 50-от роденден на Миахил заедно со него и со нас. Можете да бидете сигурни дека е во добри раце и дека правиме се што е возможно за да му помогнеме. Ве молам за разбирање бидејќи постапуваме по негова желба, па чуствителните теми како што е здравјето ги оставаме во приватната сфера. Ви благодариме на вашето пријателство и ви посакуваме многу среќа и здравје во 2019 година“, стои во соопштението на сопругата на Шумахер.