Пред 10 години му подариле биткоини – денес му вредат 240 милиони долари, но има само две шанси да дојде до нив


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Стефан Томас, програмер од Сан Франциско, пред десет години добил како подарок 7.002 биткоини како награда за снимање на видео во кое објаснува како функционира криптовалутата.

Меѓутоа, во моментот кога го добил подарокот, биткоините вределе од два до шест долари за парче. Ги спакувал во својот „дигитален паричник“ и ги заборавил.

Сега, секој биткоин вреди 34.000 долари, а содржината на неговиот паричник се проценува на 240 милиони долари. Но, Томас ја заборавил лозинката со која треба да го отклучи неговото богатство, пишува Гардијан.

Томас роден во Германија веќе осум пати внел погрешна лозинка и ако погреши уште двапати, дискот што ги содржи неговите приватни клучеви од биткоините ќе се заклучи – и тој никогаш нема да ги види парите.

Цената на биткоинот минатата недела достигна вредност од повеќе од 40 000 долари, порасна двапати за помалку од еден месец. Оттогаш опаѓа, но и понатаму е во пораст за повеќе од 700 проценти од почетокот на пандемијата, или за околу 5.000 американски долари.

Томас рече дека ги пробал осумте најчесто користени лозинки за пристап до неговиот хард диск „IronKey“, но се покажало дека сите се погрешни. Уредот автоматски ја шифрира целата содржина по 10-тата неточна претпоставка. На крајот, како што самиот изјавува за медиумите, веќе е помирен со загубата на ова богатство.

Кога се дозна за приказната на Томас, почнаа да пристигнуваат совети.

Алекс Стамос, експерт за интернет безбедност во Интернет опсерваторијата Стенфорд, рече дека може да ја разоткрие лозинката во рок од шест месеци, ако Томас му даде 10 проценти од дигиталното богатство.

Фирмата за податоци за криптовалути „Chainalisis“ соопшти дека проценила оти околу 20% од постоечките 18,5 милиони биткоини се изгубени или заглавени во недостапни паричници.