Пречка во истражувањата за создавање вакцина против коронавирусот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Оксфордскиот тим научници кои работат на развивање вакцина против коронавирусот се соочиле со пречка. Тие веруваат дека заради падот на заразата на болеста, ќе биде потешко да се докаже дали вакцината е успешна, пишува британски Телеграф.

„Тоа е трка против времето со вирусот што исчезнува“, рече Адријан Хил, директор на Институтот Џенер.

„Претходно во годината, рековме дека постои 80% шанса дека ќе развиеме ефикасна вакцина до септември. Во овој момент, постои шанса од 50% дека воопшто нема да ја добиеме“, го цитираат Ројтерс и Телеграф.

Хил очекува дека помалку од 50 луѓе од 10,000 кои доброволно се пријавиле на тестирање во Оксфорд, ќе бидат заразени со новиот коронавирус. Тој верува дека резултатите ќе бидат бескорисни ако помалку од 20 лица се заразат. Вакцината од Оксфорд во моментов е една од најсигурните што треба да премине во масовно производство, доколку се докаже нејзината ефикасност. Но, со оглед на изјавите на Хил, прашање е дали научниците од Оксфорд воопшто ќе ја добијат вакцината.

Во моментов се развиваат повеќе од 100 вакцини ширум светот. Британската влада инвестира повеќе од 100 милиони фунти во истражувачки тим од Оксфорд и верува дека 30 милиони дози ќе бидат готови до септември. Дотогаш, ќе биде предизвик да се најде вакцина која е ефикасна.

Научниците од универзитетот Рокфелер во Њујорк откриле дека повеќето од опоравените од ковид-19 кои не оделе во болница, немаат антитела.

“Тоа е многу голем предизвик. Ако вообичаената инфекција не даде високо ниво на имунитет, освен кога зборуваме за сериозна инфекција, од што може да се направи вакцина? Може да се направи и подобро од тоа, но не знаеме дали ќе биде. Ако вакцината не заштитува една година, новиот коронавирус ќе биде меѓу нас долго време.“, рече Стенли Перлман, долгогодишен научник кој работи на истражување на коронавирус на Универзитетот во Ајова.

Исто така, неопходна е и генетската стабилност на вирусот. Некои вируси, како грипот, толку брзо мутираат што производителите на вакцини треба да прават нови формулации секоја година. Брзата еволуција на ХИВ е причината зошто сè уште нема вакцина против таков вирус.

За сега, Sars-CoV-2 изгледа стабилно, но има мутации, како и сите вируси. Некои генетски промени веќе се забележани на вирусниот протеин, што е основа за повеќето вакцини. Ако тој протеин мутира премногу, тогаш антителата што ги добиваме преку вакцината нема да бидат доволни за да ја спречат инфекцијата.

“Најверојатно, вакцината против новиот коронавирус нема да биде 100% ефикасна. Најмалку осум различни пристапи се користат во развојот. Идеално, вакцината што ја добиваме ќе создаде константно и високо ниво на антитела за да го убие вирусот и да создаде Т-клетки за да ги убие заразените клетки. Пристапот е различен и денес никој не знае каков одговор на имунолошкиот систем е доволно добар “, забележува уредникот на колумните за наука во весникот „ Гардијан“, Иан Семпл.