Пречекан со овации: Ериксен после 8 месеци од срцевиот удар се врати на фудбалскиот терен (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


259 дена после срцевиот удар Кристиан Ериксен се врати на терените и повторно заигра на официјален натпревар.

Данецот кој сега игра за Брентфорд, влезе во игра на мечот со Њукасл во 52-та минута.

Целиот стадион стана на нозе и со овации го поздрави Ериксен, кој осум месеци после срцевиот удар му се врати на фудбалот.