Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Вработените во правосудството денеска и утре во знак на протест ќе ја прекинат работата два часа, во периодот од 10 до 12 часот.
Велат дека 95 проценти од институциите исплатиле плата под минималецот од 18.000 денари, а другите 5 проценти или не исплатиле или исплатиле плата со грешки. Од Синдикатот на УПОЗ во кој членуваат работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани, бараат исплата на минимална плата за сите и усогласување со минималецот за останатите вработени – односно повисоки плати за 2.806 денари.
Ќе се протестира во сите оние институции каде Синдикатот на УПОЗ има синдикални организации како што се министерства, агенции, фондови, управи.
Од УПОЗ претходно неделава истакнаа дека само вработените во управата и правосудството земаат плата под минималната, што го зголемува незадоволство. Најави дека протестот ќе трае сè додека надлежните не ги повикаат на преговори со цел да се договорот за исплата на минималецот и усогласување и на останатите плати со него.