Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Православните христијани денеска го одбележуваат Велики Петок. Овој ден е познат како ден на најстрогиот пост, го нарекуваат и Распет петок, зашто на тој ден е распнат Исус Христос.
На овој ден во сите храмови ќе се изнесе на поколение плаштеницата (покровот) што го симболизира симнувањето од крстот на телото Господово.
Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во христијанската религија. Велики петок, наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии и принесување на таканаречената бескрвна жртва, се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји. Според преданието, Христос починал на крст во „шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се распукале“. Оттогаш, на Велики петок бијат дрвени ѕвона/клепала, а камбаните не ѕвонат до недела, кога првпат ќе ја огласат радоста на Христовото воскресение.
Православниот канон за Велики Петок предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце. За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење (освен за немоќните и престарените), во знак на таговно сеќавање на настаните од она време. Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле.