Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По Божик, православните христијани на 14 јануари, го одбележуваат денот на свети Василиј Велики во народот познат и како Василица односно Стара нова година. Според обичаите на тој ден се прави домашна погача во која домаќинките ставаат паричка, пеењето на василичарските песни во кој треба да биде опфатен тропарот на свети Василиј Велики, а некаде се практикува и палењето на огнот кои треба да ја симболизира светлината Божја во новата година.
Свети Василиј Велики е еден од најголемите Отци на Црквата Христова низ вековите. Роден е 330 година во Неокесарија, во Понт, од родители Василиј и мајка Емилија, кои двајцата потекнувале од познати и богати фамилии, но уште позначајни по својата христијанска вера и живот.
На овој ден, православните христијани ја одбележуваат Православната Нова година, позната уште како и Стара Нова година, а именден слават сите оние кои го носат името Васил, како и неговите останати машки и женски варијации.
Голем поборник на Православието, голем зрак на морална чистота и набожна ревност, голем богословски ум, голем устроител и столб на Божјата Црква – Василиј се нарекува Велики потполно заслужено.
Во црковните богослужби најчесто е нарекуван пчела на Црквата Христова, која им дава мед на верните и осило на еретиците.
Сочувани се многубројни дела на овој отец на Црквата – апологетски, богословски, подвижнички и канонски, како и литургија наречена според неговото име.
Василиевата литургија се служи десет пати во годината: во неделите на Великиот Пост, на денот на свети Василиј, наспроти Божик и Богојавление, на Велики Четврток и на Велика Сабота.