Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Дали сте чуле за „Правилото на пет часа“ за успех во животот кое го осмислил и практикувал славниот Бенџамин Френклин?
Овој концепт го применуваат многу успешни и познати луѓе, но и другите кои сакаат да напредуваат во кариерата.
Половина век по неговата смрт, Френклин се смета за најголем американски државник, претприемач, пронаоѓач и писател. Тој секој ден посветувал по 1 час во учење, или вкупно пет часа во неделата ги посветувал на надоградба на неговото знаење. Станувал рано за да учи. Си поставувал цели кои влијаеле на неговиот личен развој и ги следел резултатите.
Направил заедница на луѓе кои тежнеат кон занает и унапредување на заедницата. Своите идеи ги претворал во експерименти.
Според овој пример на Бенџамин Френклин, доколку секој ден барем по еден час си посветите себеси и на вашето знаење, вложувате во себе, долгорочно тоа дава позитивни и прогресивни резултати. Тој го потврдил со лично искуство правилото дека човек учи додека е жив.
Ова принцип секојдневно го практикуваат најуспешните и најпрогресивни луѓе на денешницата како Бил Гејтс, Џек Ма, Илон Маск и многу други.