Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Непобитна вистина е дека носењето на маските и ракавиците може да го намали ризикот од зараза со коронавирус и неговото пренесување. Но, заштитата која ја нудат ракавиците е можна само ако истите правилно се користат. А ние често правиме некои грешки додека ги користиме.
Ако ги правите овие 7 грешки при носење на заштитните ракавици, тогаш попаметно е да прекинете со оваа навика.
Погрешно ги вадите
Откако ќе ја извадите едната ракавица, со „голата рака“ не смее да ја допрете другата. Наместо тоа, треба да ги протнете прстите во внатрешноста и така да ја извлечете додека не ја извадите.
Носите ракавици и го допирате лицето
Во оваа ситуација ракавиците ја губат поентата, бидејќи од нив ги пренесувате бактериите на лицето.
Не ги миете рацете пред да ги ставите ракавиците
Понекогаш луѓето забораваат дека и пред да ги стават ракавиците мора да ги измијат рацете, исто како и по нивното вадење.
Ги перете ракавиците
Заштитните ракавици се направени од материјал кој лесно се оштетува при допир со тешки хемикалии.
Истиот пар на ракавици го носите повеќепати
Не џабе се викаат ракавици за една употреба.
Го допирате телефонот
Избегнувајте допирање на телефонот кога носите заштитни ракавици, бидејќи потоа истиот ќе го допрете со голи раце. Сите површини кои ќе ги допрете додека носите ракавици, задолжително дезинфицирајте и пребришете ги.
Користите средства за дезинфекција со ракавиците
Нанесувањето на дезинфекциски средства врз ракавиците исто така може да ги оштети.