Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бугарската министерка за правда Цецка Цачева си даде оставка на ресорното министерско место откако бугарските медиуми објавија дека таа и уште тројца други официјални претставници на владејачката партија ГЕРБ купиле луксузни станови под пазарна цена, изјви во јавно соопштение бугарската влада.
Цачева тврдеше дека таа не сторила ништо лошо и побара од антикорупциската комисија да го испита купувањето на луксузниот стан во Софија минатата година, пренесува Мкд.мк.
Премиерот Бојко Борисов ја прифати нејзината оставката на министерката по состанокот со нејзе во саботата наутро.
„Тие разговараа за купувањето на имотот што е поврзан со неа. Министерката Цачева ја предала својата оставка на премиерот и рече дека не сака тоа да влијае врз работата на Владата“, се вели во соопштението на владата.
Антикорупциската комисија во петокот започна со истрагата за купените станови од иста градежна компанија.
Денес даде оставка и заменик-министерот за спорт Вања Колева, додека претседателот на парламентарната група на ГЕРБ Цветан Цветанов, тврди дека нема ништо спорно околу купувањето.
Скандалот изби оваа недела, откако бугарската редакција на Радио Слободна Европа и невладините организации за борба против корупцијата ги објавија резултатите од истрагата за купување станови. Веста подоцна беше пренесена од сите други бугарски медиуми.
Скандалот ги разбесни граѓаните на најсиромашната членка на ЕУ, а Борисов претходно изјави дека секој што ќе го прекрши законот ќе мора да се сноси со последиците.
Аферата дојде во време кога политичките партии се подготвуваат за европските избори во мај. Анкетите покажуваат дека ГЕРБ има тесна предност над социјалистите.