Home Актуелно Пратениците изгласаа намалување на ДДВ за струјата

Пратениците изгласаа намалување на ДДВ за струјата

Пратениците во собранието ги изгласаа измените на Законот за додадена вредност, со што ДДВ-то за прометот на електрична енергија кон домаќинствата се намалува од 18 на 5 проценти.

ДДВ од 5 отсто ќе важи до 30 јуни 2022 година, а за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година даночната стапка за ДДВ ќе се накачи за пет проценти односно ќе изнесува 10 отсто. За периодот по 1 јули 2023 година даночната стапка повторно ќе се врати на досегашните 10 проценти.

Овие измени за граѓаните нема да донесат значително намалување на сметките за струја, затоа што додека од една страна се намалува ДДВ-то, од друга, цената на електричната енергија претходно беше поскапена за 12,36 проценти.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…