Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на Собранието Талат Џафери видно се изнервира откако скоро час и половина му требаше за да ги натера пратениците да влезат во собраниската сала за да може да почне Собранието со работа.
Најпрво, Џафери на повисок тон ги потсети дека пред само три дена го донесоа Етичкиот кодекс со кој самите се обврзаа дека во Собранието ќе се однесуваат професионално и одговорно кон работата што ја извршуваат. Тој исто така ги опомена дека „пет минути не можат да седат на своите места за Собранието да има кворум за работа“.
Џафери уште кажа и дека за пратениците е многу поважно да си завршат други обврски наместо да се во Собранието каде што им е местото.
Во Собранието денеска не беа ниту сите пратеници на власта а пратениците на опозицијата иако беа во Парламентот тие не влегоа во салата чекајќи кворумот за работа да го обезбеди парламентарното мнозинство.
Извор: Нова ТВ