Пратениците денес мора да се изјаснат околу референдумот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери во петокот достави известување до пратеничките групи во кое бара во рок од три дена да одговорат дали ќе учествуваат во јавната пропаганда за референдумот која треба да ја спроведе Собранието, како и за тоа каква кампања ќе водат, дали ќе бидат „за“ или „против“ референдумското прашање.

Известувањето е упатено до координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, Беса, како и до пратениците на ДПА и Алијансата за Албанците. Владата претходно донесе одлука да му се обезбедат средства на Парламентот во висина од 80 милиони денари.