Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Удар од гром неодамна остави четири фамилии од Прилеп без дом, откако до темел изгореа четири куќи.
Глетката во куќите и денеска, два месеци подоцна е вознемирувачка. Се расчистуваат остатоците кои ги остави зад себе пожарот.
На семејствата им е потребна помош и голем број на прилепчани се одзваа на хуманитарниот апел.
Денес и пратеникот од редовите на СДСМ, Миле Талевски ја покажа својата хуманост. Тој ги посети семејствата и донираше ваучер за градежни материјали во висина од една пратеничка плата.
Талевски притоа ги повика и останатите функционери да го следат неговиот пример и да помогнат на овие прилепски семејства за што побрзо да го надминат тешкиот период и да се вратат во своите домови:
„Ајде сите заедно да им помогнеме на овие наши сограѓани. Ајде со личен пример да поттикнеме уште поголема хуманост кај нашите прилепчани и кај стопанските субјекти од градот, кои не пропуштаат да подадат рака кога е најтешко“, истакна меѓу другото Талевски.