Пратеникот Апасиев се жали дека добива закани упатени до него и до неговото семејство


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Лидерот на политичката партија Левица и актуелен пратеник, Димитар Апасиев, денеска беше на распит откако беа поднесени кривични пријави за говор на омраза преку неговите објави на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Тој истакна дека после неговите објави, добивал закани за него и неговото семејство, но рече дека тоа нема да го поколеба повторно да објавува, затоа што се држи до практиката на Европскиот суд за човекови права.

Тања Милевска и Мерсиха Смаиловиќ од Хелсиншки комитет, поднесоа кривични против Апасиев, а тој најави кривични против нив.

Апасиев денеска беше на распит во Обвинителството за објавата на Фејсбук – „Сите ќе ве стреламе“, веднаш по изборите, откако се дозна дека Левица ќе има два пратеника во парламентот.