Пратеник од Романија гол се вклучи на онлајн седница (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пратеникот од редовите на романските Социјалдемократи (ПСД) Алберто-Иосиф Караијан преку својот лаптоп за време на директен пренос на онлајн состанок се појави целосно гол.

Тој завршил со туширањето во моментот кога колешката која претседавала со состанокот го повикала да се обрати. Еден од присутните му кажал да ја исклучи камерата.

„Не можам да ја исклучам. Се извинувам. Не знам како да ја исклучам“, изјавил Алберто.

Советникот се извини за грешката.

„Технологијата си игра со мене. За жал, ја платив цената на тоа што се брзав. Жал ми е поради овој ‘инцидент’“, напишал Карајан на Фејсбук.

Конекцијата со видео конференција што ја користи, значела дека камерата автоматски се вклучува кога микрофонот е вклучен.