Пратеничка од руската Дума уапсена во Њујорк од страна на ФБИ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Службите на ФБИ на њујоршкиот аеродром ја привеле Инга Јумашева, пратеничка во руската Дума, заради сослушување, соопшти амбасадорот на Русија во САД. По апсењето на Јумашева, руската Амбасада испрати протестно писмо до Стејт Департментот.

Руските медиуми јавуваат дека Јумашева отпатувала во САД за да учествува на форумот „Дијалог Форт Рос“ кој се одржува денеска и оти припадник на ФБИ ја сослушувал еден час.

Според руската дипломатска мисија, на Јумашева и биле поставувани „целосно нејасни, неразбирливи и неприфатливи прашања“.

Претходно дел од руската делегација, која требаше да присуствува на Генералното собрание на ОН, не доби американски визи.