Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Благодарение на отисоците од стапал кои група од 17 луѓе ги оставиле на една нивна прошетка на областа на денешна Танзанија пред илјадници години, денес се фрла ново светло врз сознаниајта за првите луѓе и нивниот праисториски начин на живот.
Повеќе од 400 отисоци на стапала потекнуваат пред 5.000 до 19.000 години на местото Енгаре Серо, јужно од езерото Натрон.
Тоа е најголемата група човечки стапалки, откриени до денес во Африка и дава увид во тоа како изгледале луѓето во доцниот плеистоцен, како и како тие биле во можност да собираат храна.
„Локациите како Енгара Серо се создадени за многу краток временски период, така што тие претставуваат слика на момент во времето на древните луѓе кои се движат низ околината“, вели Кевин Хатала, експерт за биологија од универзитетот Чатам, кој го водеше истражувањето.
„Со оглед на реткоста и вредноста на различните фосилни докази, она што го прави нашето откритие возбудливо е просторот со повеќе од 400 стапала сочувани на едно место покриено со вулканска пепел“, рече тој за АФП.
„Покрај тоа, бевме во можност да откриеме некои многу интересни работи благодарение на овие директни прозорци во однесувањето на групата што чекорела по површината каде што ги оставиле своите отпечатоци“.
Да се анализираат отисоците било сложена работа. Во 2009 година, кога научниците за прв пат ја посетиле оваа локација, која е откриена од страна на припадниците на локалното население Масаи, биле видливи само 56 отпечатоци и излегле на виделина благодарение на природната ерозија.
Три години подоцна, дополнителното археолошко истражување откри стотици нови стапалки оставени од луѓе, но и животни како што се зебри или бизони.
Отпечатоците биле формирани во влажна вулкански кал што се суши брзо и се зацврстува, вели Хатала.
Ова, во комбинација со други докази, вклучувајќи ги и преклопувачките отпечатоци на прсти, силно укажуваат на тоа дека отпечатоците од прстите биле оставени од група што патувала заедно, наместо со лица што се движат на иста површина во различни периоди.
Научниците се фокусирале на појасните патеки на кои тие јасно можеле да ги разликуваат поминатите растојанија и должината на отпечатоците во потрага по други траги.
Врз основа на големината на подножјето и должината на отисокот, тие утврдиле дека групата се состоела од четири возрасни мажи, 19 возрасни жени и две помлади момчиња.
Малку е можна грешка, признаваат научниците, и можно е дека помалите стапала поврзани со пократките чекори, кои им ги припишувале на жените, им припаѓале на деца или тинејџери од кој било пол.
Отпечатоците исто така им овозможиле на научниците да ја утврдат висината на мажите, што открило и некои релативно високи мажи во групата, од кои едниот се проценува дека бил висок 1,83 метри.
„Скелетите од тој период во Источна Африка сугерираа дека тие се претежно високи и со долги екстремитети“, според студијата објавена во списанието „Nature Scientific Reports“.
„Но, скелетите од тој период и регион се ретки, па затоа е важно да се најде голем примерок на анатомски податоци зачувани на таа локација“.
Составот на групата исто така дава идеја за нивниот начин на живот.
Во денешните заедници за лов и собирање, голем број жени ретко се движат во група без деца или сличен број возрасни мажи, освен кога барале храна.
Составот на древната група и нивните отпечатоци ги наведуваат научниците на теоријата дека жените можеби собирале храна.
„Таквото однесување не е изненадувачки во човечката заедница во тоа време“, вели Хатала.
„Но, можноста да се види такво однесување благодарение на фатен моментот е исклучителна“.
Хатала признава дека ова засега останува теорија и новите археолошки ископувања може да донесат нови сознанија.