Познато колку ќе заработува Несторовски во Удинезе!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Илија Несторовски ќе го напушти Палермо и тоа стана јасно кога клубот од Сицилија беше исфрлен во Серија Д.

Уште од пред неколку недели се најави дека Несторовски е пред потпис со Удинезе, а денес италијанските медиуми објавјаи дека се е договорено и дека македонскиот голгетер веќе ставил потпис на преддоговор.

Во следните денови се очекува официјализација на трансферот, а веќе се познати сите детали од договорот. Несторовски ќе потписше договор на три години со опција истиот да биде продолжен на уште една и ќе заработува еден милион евра по сезона.

Во Удине Несторовски пристигнува како слободен фудбалер бидејќи договорите на сите играчи на Палермо се поништени после исфрлувањето во четвртата италијанска лига.