Познато колку ќе паузира Несторовски


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец и член на Палермо, Илија Несторовски заработи повреда на последниот натпревар против Цитадела.

Деталните прегледи покажаа дека Несторовски има повреда на бутниот мускул и ќе отсуствува 4 до 6 недели од терените.

Тоа значи дека Палермо во клучнот дел од сеозната ќе биде без нашиот репрезентативец, кој оваа сезона е прв голгетер за тимот од Сицилија со 13 постигнати гола.

Доколку Палермо успее да обезбеди директен пласман во Серија А, тогаш оваа сезона за Несторовски е завршена, во спротивно ќе може да му помогне на тимот во плејофот.