Познато кој ќе го наследи Мурињо на „Олд Трафорд“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед денес и официјално му врачи отказ на Жозе Мурињо после серијата на лоши резултати.

Во краткото официјално соопштение клубот откри дека ќе биде наместен привремен тренер до крајот на сезоната.

Англиските медуми потврдија дека помошникот и легенда на клубот Мајкл Карик ќе ги води тренинзите се додека не биде назначен привремен тренер.

Во следните два дена раководството ќе има состанок и многу е веројатно токму Карик да биде назначен за прв тренер до крајот на сезоната.