Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Рускиот тајкун и сопственик на Челзи, Роман Абрамович, преговара за продажба на англискиот фудбалски гигант.
Во медиумите на Островот веќе на големо се пишува и кој преговара со рускиот тајкун. Наводно станува збор за швајцарскиот милијардер Хансјорг Вус. Вус е најбогатиот човек во својата земја „тежок“ околу пет милијарди евра.
Во медиумите веќе се пренесува и изјава на Вус.
„Абрамович сака да продаде сè во Англија и Челзи и своите вили“, потврдил Вус.
Наредните денови би покажале дали може да има договор, проценката е дека Абрамович не сака да ризикува запленување на имотот во Англија. Во Англија тој може да влезе само со туристичка виза затоа што доби израелски пасош, но со оглед дека е близок соработник на Путин би можел да стане персонан нон-грата.