Познатиот рапер уапсен за силување!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познатиот американски рапер Нели е уапсен за силување, пренесуваат тамошните медиуми. 42-годишна жена го пријавила дека сексуално ја вознемирувал во автобус во Вашингтон.

Наводно силувањето се случило во 3:45 часот наутро, а полицијата веднаш го уапсила Нели и е обвинет за силување во втор степен.

Адвокатот на добитникот на Греми го негира обвинението, тврдејќи дека раперот бил на турнеја кога се случило тоа.

Нели е инаку троен добитник на Греми награда и познат по многу хитови меѓу кои „Hot in Here“,„My Place“, „Over and Over” и „Dilemma“