Познатиот рапер пронајден мртов во својот дом: Колегите се простуваат од него (ФОТО+ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Семејството на Мек Милер синоќа потврди дека раперот починал во неговиот дом во Лос Анџелес, Калифорнија. Според американските медиуми, тој се предозирал со опојни супстанци.

„Тој беше светла точка во светот за нашето семејство, пријателите и фановите“, рекоа членовите на семејството.

Мек Милер (26) беше роден како Малколм Џејмс Мекормик. Во текот на последната деценија тој беше еден од најуспешните независни артисти во хип-хоп индустријата, а неговото влијание се прошири и кон другите жанрови. Покрај како рапер, Милер беше познат и како продуцент и соработуваше со имиња како Кендрик Ламар и Андерсон .Паак. Неговиот последен албум, „Swimming“, излезе минатиот месец.

Во последните неколку години Мек Милер отворено зборуваше за неговата навика на користење опојни супстанци. Овој август тој беше уапсен во Лос Анџелес поради управување со автомобил под дејство на дрога.

Голем број артисти од американската сцена изразија сочувство до семејството на прерано починатиот Мек Милер.

Мек Милер ги посвети неговите два последни албуми на врската со пејачката Аријана Гранде. Албумот „The Divine Feminine“ од 2016 година беше посветен на почетокот на нивната врска, додека „Swimming“ од оваа година беше посветен на нивната разделба.

„Навистина не би сакал цело време да чувствувам само среќа. Но не сакам и да чувствувам само тага, не сакам да бидам во депресија. Сакам лоши денови и сакам добри денови“, изјави Мек Милер неодамна за магазинот Vulture.