Home Шоубизнис Познатиот јапонски дизајнер Кензо Такада почина од КОВИД-19

Познатиот јапонски дизајнер Кензо Такада почина од КОВИД-19

Познатиот јапонски дизајнер и основач на модниот бренд „Кензо“, Кензо Такада, почина на 81-годишна возраст од КОВИД-19.

Познат по своите шарени графички и цветни принтови, тој беше првиот јапонски дизајнер кој успеал да се пробие на париската модна сцена. Тој пристигнал во Франција со брод во 1960-ите и остана тука до крајот на животот.

„Со своите речиси 8.000 дизајни, Кензо никогаш не престана да ги слави модата и уметноста на живеењето“, изјави неговиот портпарол.

Такада ја основал својата светски позната модна куќа во 1970-ите, а во 1983 година ја претстави и првата колекција за мажи, за потоа да почне да произведува и фармерки и спортска облека.

Пред неколку дена, „Кензо“ ја претстави својата пролетна колекција 2021, инспирирана од македонскиот документарец „Медена земја“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …