Познатиот американски бренд „Старбакс“ се повлекува од европскиот пазар!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Познатиот американски бренд, „Старбакс“ одлучи да направи реконструкција на својот бизнис во Европа, откако продажбата во последните неколку години значително опадна.

Компанијата чие седиште е во Сиетл, одлучи да продаде 83 продавници во Франција, Холандија, Белгија и Луксембург на својот долгогодишен партнер Алсеи.

„Старбакс” планира да ги затвори канцелариите во Амстердам и да го консолидира своето европско седиште во Лондон. Ова ќе влијае на 186 вработени кои ќе можат да аплицираат за работа во Лондон.