Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Американскиот бренд и доминантен трговски ланец, „Сирс“, поднесе барање за банкрот.
„Сирс“ го промени начинот на пазарување и животен стил на Американците. Ова е бренд и трговски ланец стар 132 години, но во последните години постајно се бори за опстанок.
Она што беше пресудно за сопствениците да поднесат барање на банкрот е долгот во вредност од 134 милиони долари чие доспевање е денес, а тие се немоќни да го доведат на нула.
„Сирс“ најави затворање на 78 непрофитабилни трговски објекти на почетокот на летната сезона, а клуч од почетокот на оваа година им е ставен за 166 продавници.
Познато е и дека овој трговски бренд достигнал долг вреден 5 милијарди долари.