Познати клубовите кои се пласираа во Лига на шампиони – распоредот по групи ќе се знае денес


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со доигрувањето на плејоф натпреварите за пласман во Лигата на шампионите, се знаат и имињата на сите 32 тима кои ќе бидат дел од главната фаза на најпопуларното фудбалско клубско натпреварување оваа сезона. Бранител на титулата е Реал Мадрид.

Покрај актуелниот европски првак, носители на ждрепката ќе бидат уште шампионите на Германија (Баерн), Англија (Челзи), Италија (Јувентус), Португалија (Бенфика), Франција (Монако), Русија (Спартак) и Украина (Шахтјор).

Во вториот „шешир“ се имињата на великаните на европскиот фудбал Барселона и Атлетико Мадрид (Шпанија), Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити (Англија), ПСЖ (Франција), односно Севилја (Шпанија), Борусија Дортмунд (Германија) и Порто (Португалија).

Најтрактивно име во третиот „шешир“ е Ливерпул, а тука се уште и Наполи, Тотенхем, Рома, Олимпијакос, Базел, Андерлехт, Бешикташ.

Во последниот „шешир“ се Марибор, АПОЕЛ, Селтик, ЦСКА Москва, Спортинг Лисабон, Феенорд и дебитантите Ред Бул Лајпциг и Карабаг.

Извлекувањето на групите за Лигата на шампионите ќе се одржи в четврток од 18 часот.