Познатата српска манекенка што сними спот со Роналдињо пронајдена мртва!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Српската манекенка и ТВ водителка Марија Ќурќиќ е пронајдена мртва во својот стан. Првичните информации велат дека извршила самоубиство.

Марија Ќурчиќ (25), заштитното лице на белградскиот ноќен живот, манекенка, ТВ водитека, ќерка на познатата новинарка Ана Марија Алвес Ќурчиќ и гитаристот на Дел Арно бенд Ѓорѓе Ќурчиќ, вчера трагично го заврши својот живот.

Првите резултати од обдукцијата укажуваат на самоубиство, иако не оставила проштално писмо, пишува српски Курир.

Нејзиното безживотно тело е пронајдено обесено на гелендер во станот во неделата пред полноќ. Курир во печатеното издание објавува дека младата Марија се самоубила по снимањето на спот со легендариот бразилски фудбалер Роналдињо.

„Ги остварувам соништата од детството“, напиша Марија под фотографијата со легендарниот фудбалер кој пристигна во Белград за да сними реклама, и тоа само два дена по објавувањето на бразилските медиуми дека е на работ на банкрот и дека има само 6 долари на сметката.

Српските медиуми пишуваат дека манекенката не била проблематична. Таа живеела на мансарда и, според нејзините соседи, водела нормален живот за една млада девојка. Телото го нашле нејзините родители, кои стигнале во изнајмениот стан во кој таа живеела, бидејќи не одговарала на повиците. Бидејќи не им ја отворила врата, тие влегле во станот со полиција и затекле ужасна глетка.

Имено, Марија се качила на столот и се обесила со ремен, а нејзините родители се скршени од болка бидејќи нивната ќерка, која не оставила проштално писмо, со ништо не покажувала дека има некакви проблеми.

Марија е родена во Белград, а од страна на мајката влече потекло до Конго.