Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Славната манекенка Кара Делевињ е позната по нејзината навика и опсесија да експериментира со модните стилови, но и со имиџот и фризурите.
Иако е најпозната како блондинка, Кара сега радикално се префрли на целосно црна боја на косата.
Како што нејзината фризерка Мара Розак објави на својот Инстаграм, манекенката стана црнка и ја замени малку подолгата коса со популарна боб фризура.
View this post on Instagram
Кара изгледа скоро непрепознатлива со својата нова фризура, а многу нејзини обожаватели ја поздравија одлуката и и рекоа дека доста потсетува на Руни Мара во „Девојчето со тетоважа со змеј“.
Инаку, Мара Розак потврди дека на фотографиите Кара носи перика, што било тест за вистинска промена на фризурата на манекенката.