Home Актуелно Позната сумата: Еве колку издвои владата на Србија за обнова на Нотр Дам

Позната сумата: Еве колку издвои владата на Србија за обнова на Нотр Дам

Владата на нашиот сосед Србија објави дека донираше еден милион евра за реконструкција на Нотр-Дам, откако катедралата беше опожарена од пламените јазици кои го зафатија нејзиниот покрив пред неколку дена. Владата на Србија потенцијарше дека со овој потег го потврдува вечното пријателство со францускиот народ.

„Оваа одлука го потврдува старото пријателство со францускиот народ и ја изразуваме желбата симболот на француската и светската цивилизација што побргу да се реконструира и повторно да се отвори овој храм на културата и уметноста за сите ваши посетители”, стои во соопштението од српската влада.

Францускиот претседател Емануел Macron рече дека реконструкцијата може да трае пет години, а експертите проценуваат дека реставрацијата на Богородичната црква може даодземе 15 години.

Причината за пожарот не е утврден, но се верува дека има врски со обемна работа за реставрирање на катедралата, кои беа во тек.

Бројни милијардери и приватни донатори ветија стотици милиони евра за реновирање на катедралата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…