Позната главната трансфер мета на Манчестер Јунајтед


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед не ја отвори најдобро сезоната, па Солскјер и играчите трпат големи критики.

Јасно е дека „црвените ѓаволи“ ќе мораат да се засилат во јануарскиот преоден рок доколку сакаат да завршат во Топ 4 на крајот на сезоната.

Медиумите на Островот пренесуваат дека Солскјер добил буџет од 90 милиони фунти и ќе го потроши на две засилувања.

Солскјер призна дека сигурно ќе донесе напаѓач во јануари, а со оглед на проблемите на средината на теренот ќе инсистира да му биде донесен и играч за врска.

Меѓутоа, приоритет е засилување во нападот, а главна мета е ѕвездата на Лион, Муса Дембеле.

Англиските медиуми тврдат дека „црвените ѓаволи“ испратиле скаути да го следат напаѓачот и спремаат богата понуда за него во јанури.