Позитивни вибрации: Невестата пропатува 1.300 километри за да го одигра венчалниот танц со својот 94-годишен дедо


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


24-годишната Натали Браунинг се разочарала кога разбрала дека нејзиниот 94-годишен дедо Нелсон не може да отпатува од Флорида во Вирџинија за нејзината венчавка, бидејќи претрпел мозочен удар две недели претходно.

Тој со месеци се радувал дека ќе танцува со својата внука на нејзиниот голем ден, но поради здравствената состојба не му било дозволено да патува. Решена да го види, Натали го изненадила својот дедо летајќи низ земјата со својата венчаница за да го танцуваат заедно свадбениот танц.

„Патувањето со венчаницата преку аеродром не беше воопшто лесно, но сето тоа се исплатеше кога ја видов неговата неверојатна реакција. Со месеци тој со нетрпение чекаше да танцува со мене на свадбата и јас бев многу среќна што ќе го направам тоа . Не го гледам често, затоа тоа беше навистина посебен ден “, рече Натали.

Таа го снимила целото патување, а емотивното видео, снимено кон средината на август, станало вирално.