Позитивна енергија и фантастична музика – одлична трета вечер на Пивофест 2019


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Позитивна енергија, разиграна и одлична атмосфера поттикната од добрата музика и супер забава – во таков амбиент помина третата, саботна вечер на Пивофест 2019.

„The Hounds“, „Фрајле“, „Влатко Стефановски Трио“ и „Нокаут“, како и програмата од Камената бина, придонесоа за кулминација на музичкиот дел од годинешниот фестивал на пивото.

Пред нас е завршната вечер на „Пивофест 2019“, кога за заокружување на позитивниот впечаток на посетителите од населените места ширум нашата држава и гостите од странство, ќе се погрижат „The Four“, „Кал Бенд“, Даниела Мартиновиќ и „Cyrillic“.