Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Со релативно доста добар резултат после првиот меч Манчестер Јунајтед се врати од Ростов, каде извојува реми на тешкиот терен во градот на Дон (1:1), овозможувајќи за себе значително полесна работа на реваншот на Олд Трафорд следниот четврток.
Жозе Мурињо синоќа изваде силен тим на гостувањето во Ростов, во кој беше повратник и Хенрик Митарјан, кој правеше пауза поради повреда, а кој со погодокот во 35-та минута и конкретно го прослави своето враќање на терен. Иако немаше квалитетен фудбал (поради очајниот терен), Јунајтед беше подобар ривал во првиот дел, а Фелаини и Ибрахимовиќ сјајно му овозможија на Ерменецот да ја донесе предноста на гостински терен.
Ростов во продолжението на натпреварот беше рамноправен противник, а имаше среќа и да ја искористи една од ретките шанси за да стигне до изедначување и какви-такви надежи за реваншот во Англија. Се играше 53-та минута, кога стоперот Калачев одлично го ангажираше Бухаров, а овој покрај Смолинг и Џонс ја смири топката на гради и го матираше Ромеро.
И тоа отприлика беше сета возбуда на овој натпревар. До крајот Ростов се обидуваше, Јунајтед главно се бранеше, а уште еднаш да повториме – на онолку очаен терен подобра игра стварно и не можеше да се прикаже.
Најинтересен меч на програмата од Лига Европа беше одигран во Копенхаген, каде домаќинот после 27 секунди игра поведе против Ајакс со погодокот на Расмус Фалк. Шампионот на Данска имаше теренска доминација во поголем дел од натпреварот, но може да жали што на реваншот патува само со еден гол предност после триумфот од 2:1.
Андерлехт триумфираше на Кипар против АПОЕЛ. Бриселскиот великан на гости ја однесе победата со 1:0, која му ја донесе Николае Станчиу во 29-та минута.