Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Љубљано, Словенијо и Словенци ширум светот – разбудете се! Живееме во време на негативна глобализација. Се војуваат војни, европски и светски судири на кои не им се гледа крајот, а словенската политика за сето тоа молчи!“, ова го порача на словенската јавност и дијаспора 32-годишната бизнисменка од Нова Горица, Мартина Валенчиќ, која овие недели собира потписи кои за неа треба да обезбедат кандидатура во трката за претседател на Словенија на претстојните претседателски избори кои ќе се одржат на 22 октромври.
Младата бизнисменка веќе се обиде да се кандидира на претседателските избори во 2012 година, но тогаш не успеа да собере доволно потписи и стана службена кандидатка. Одеше и на парламентарните избори во 2014 година, каде се обиде како кандидатка за партијата Напреј Словенија (Напред Словенија), која на крајот забележа резултат од 0,24 проценти освоени гласови од вкупниот број на гласачи.
Но, Валенчиќ не се поколеба. Повторно оди во кампања настојувајќи да собере доволно потписи за претседателска кандидатура. На оние, пак, кои ја перцепираат од мачо перспектива, велат дека во борбата за кандидатура нејзини главни адути се календарите од 2010 и 2011 година на кои позира гола.
Таа истакнува дека пред сè е бизнисменка и ги отфрла тврдењата дека се фотографирала гола за полесно да стане кандидатка за претседател во 2012 година. Тоа е лага, вели Валенчиќ, бидејќи фотографиите се направени две години претходно.
Обидувајќи се да се кандидира за претседател на изборите во 2012 година, подоцнежниот победник и сегашен претседател на Словенија, Борут Пахор, го нарече „манекен во служба на чичковците од сенка“.
Својата претседателска програма ја нема нешто многу битно сменето, па и сега на својот профил го нуди она од 2012 и 2014 година. Меѓу другото, пишува: „Нудам суштински, а не козметички решенија. Словенци, да се вратиме на вистинските човечки вредности и да го промениме нашиот свет. Гласајте за мене и победете!“