Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Плејбој манекенката Џејлин Кук ги навреди и налути припадниците на новозеландското племе Маори бидејќи гола позираше и се фотографираше на нивната света земја, на врвот од вулканот на планината Таранаки, а фотката ја објави на својот Инстаграм профил.
Заедницата Маори испрати порака до Кук дека не ја почитува планината која за нив е света. Од друга страна, таа и нејзниот партнер имаат целосно различно мислење. Тврди дека фотографијата е чиста природа и ништо повеќе.
„Не е непристојна или експлицитна. Ја знаеме историјата на планината и ја почитуваме. Да се биде гол не е навредливо на било кој начин. Тоа е природно и чисто и ја покажува слободата и моќта“, вели манекенката.
Планината Таранаки се наоѓа на Северен Исланд. Посетителите се качуваат на 2.529 метри високиот врв за да оддадат почит на светата земја. Оригиналното име на планината било Егмонт, како што ја нарекол капетан Кук во 1770 година. Има големо духовно значење за локалното племе. Кратерот на вулканот го сметаат за глава на Таранаки, карпите за негови коски, а реките за негова крв, додека растенијата и дрвата за негова наметка. На локалното населени им нуди заштита од временските услови.
„Ние не се качуваме на планината бидејќи ја сметаме за наш предок. Прифаќаме другите посетители да се качуваат до самиот врв, но бараме да покажат почит. Веројатно на многу луѓе тоа не им значи ништо, но моите роднини и пријатели се вознемирија бидејќи сметаат дека ова е големо непочитување на планината“, вели Денис Нгаваре, припадник на заедницата Маори.